УТРО.мк

Македонска пошта ќе се модернизира со нови возила и софтвер, најавува Николоски

Македонска пошта ќе се модернизира со нови возила и софтвер, најавува Николоски
Vero

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најави значајни инвестиции и осовременување на Македонската пошта, со цел државната компанија да заземе водечка позиција на пазарот.

„Ја консолидиравме Македонската пошта, државна компанија каде што вработените во минатото молеа да земат плата. Сега, не само што сите вработени добиваат редовно плата и ги користат своите законски права, туку започнуваме и со модернизација на услугите“, изјави Николоски во гостување на ТВ Алфа.

Во рамки на инвестициите, Македонската пошта ќе добие 100 нови возила – 90 помали и 10 поголеми – како и нов софтвер кој треба да ја подобри оперативната ефикасност и конкурентноста на компанијата.

„Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар додека Поштата го носи товарот. Со 75% од пазарот, Поштата остварува приходи од околу 11 милиони евра, додека приватните компании со 25% од пазарот остваруваат 18 милиони евра. Ова мора да се корегира“, додаде Николоски.

Тој исто така најави реструктуирање на државните пошти, кое ќе се реализира во наредниот период, нагласувајќи дека рационализацијата и намалувањето на трошоците ќе се постигнат преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста, без отпуштање на вработени.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран