
По повод најголемиот христијански празник – Божиќ, Општина Пробиштип и оваа година организира традиционално собирање на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган на месноста Жгури.
За сите заинтересирани граѓани, на 5 јануари (понеделник) со почеток во 10:00 часот, од пред зградата на Општина Пробиштип ќе биде обезбеден бесплатен организиран превоз до месноста Жгури.



























