УТРО.мк

Шокантна снимка од пожарот во бар во Швајцарија: Гостите играле и снимале додека плафонот бил во пламен

Шокантна снимка од пожарот во бар во Швајцарија: Гостите играле и снимале додека плафонот бил во пламен
Vero

Нова видео снимка од почетокот на пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана открива вознемирувачки сцени од однесувањето на дел од присутните млади луѓе. Наместо веднаш да се евакуираат, некои од гостите продолжиле да пеат, скокаат и да се забавуваат, додека плафонот над нив веќе бил зафатен од оган.

На видеото се гледа како повеќемина со мобилните телефони го снимаат пожарот, а еден од присутните се обидува да го изгасне огнот со својата маица. Во позадина се слуша глас кој извикува „Гори, гори“, додека музиката сè уште свири.

Според изјавата на шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, барот имал повеќе од еден излез за евакуација, но во настанатата паника поголем дел од луѓето не успеале да ги пронајдат и се обидувале да излезат преку главниот влез.

Во трагичниот пожар, кој се случи на новогодишната ноќ, животот го загубија 40 лица, а 119 се повредени. Точниот број на лица кои се наоѓале во локалот во моментот на несреќата сè уште не е утврден.

Надлежните служби ја продолжуваат истрагата за причините за брзото ширење на пожарот. Се испитува и дали материјалот на плафонот, односно поставената пена, бил во согласност со безбедносните прописи и дали имал улога во трагедијата. Дополнително, швајцарските власти не ја исклучуваат можноста пожарот да бил предизвикан од роденденски прскалки поставени на шишиња со шампањ.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран