
ЈП „Патишта на Србија“ упати сериозен апел до сите учесници во сообраќајот да го одложат патувањето доколку нема итна потреба, поради најавениот леден дожд и обилните снежни врнежи што се очекуваат во ноќта меѓу сабота и недела.
Според информациите од Републичкиот хидрометеоролошки завод, во текот на ноќта меѓу 3 и 4 јануари се прогнозира дожд кој ќе замрзнува при допир со тлото, создавајќи опасни услови за сообраќај. Истовремено, во северните и источните делови на Србија се очекуваат поинтензивни снежни врнежи.
Од „Патишта на Србија“ предупредуваат дека патиштата може да бидат лизгави и тешко проодни и апелираат возачите кои сепак ќе се упатат на пат да имаат задолжителна зимска опрема, вклучително и синџири, како и строго да ги почитуваат сообраќајните ограничувања и препораките на надлежните служби.



























