
Возач од Берово е тешко повреден откако синоќа со патничко возило „Киа“ излетал од коловозот на регионалниот пат Берово–Делчево.
Несреќата се случила на 1 јануари 2026 година околу 22:05 часот кај село Смојмирово. Возилото, со беровски регистарски ознаки, било управувано од З.К. (51) од Берово.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му е укажана медицинска помош.


























