УТРО.мк

10 килограми чист кокаин запленети во БМВ во Горно Количани

10 килограми чист кокаин запленети во БМВ во Горно Количани
Vero
policija apsenje
policija apsenje

Во голема полициска акција на Министерството за внатрешни работи, во координавија со Основното јавно обвинителство Скопје, вчера во Горно Количани беше запленет кокаин со висока чистота, скриен во БМВ X5 со скопски регистарски ознаки. Вкупното количество на дрогата изнесува 10 килограми, што ја прави една од поголемите заплени во последниот период.

Автомобилот бил запрен од полицијата, по што јавниот обвинител обезбедил наредба за детален претрес. Истражителите откриле дека дрогата била внимателно скриена во импровизиран бункер во подвозјето на возилото.

Против 26-годишниот возач на БМВ-то е покрената истражна постапка за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството ќе предложи мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и соучесници, како и ризик од повторување на кривичното дело.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран