
Утрово термометрите покажаа вистински зимски сцени низ земјава. Најстудено беше во Берово, каде температурата се спушти до -13 степени. Следат Скопје-Петровец и Струмица со -11 степени, додека во Битола беше измерено -10, а во Скопје на Зајчев Рид -9 степени. Исти -9 беа измерени и во Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Гевгелија. Малку повисоки утрински вредности имаше во Штип, Демир Капија и Кавадарци (-8), Охрид (-7), Попова Шапка (-6), Претор, Виница и Крушево (-5), додека Маврови Анови бележеа -4 степени.



























