УТРО.мк

Сикорски со апел до Маск: Спречи ја Русија да го користи „Старлинк“ против Украина

Сикорски со апел до Маск: Спречи ја Русија да го користи „Старлинк“ против Украина
Vero

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, јавно го повика Илон Маск да интервенира и да спречи Русија да ги користи сателитите „Старлинк“ во воени напади врз Украина.

„Еј, голем човеку @elonmusk, зошто не ги спречиш Русите да го користат „Старлинк“ за да напаѓаат украински градови?“, напиша Сикорски на својата сметка на социјалната мрежа X, пренесе „Укринформ“. Тој предупреди дека профитирањето од воени злосторства може сериозно да ја наруши репутацијата на компанијата.

Апелот до Маск доаѓа по извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW), кој алармира дека руските сили сè повеќе користат сателитските системи на „Старлинк“ за да го зголемат дострелот на беспилотните летала BM-35. Овие дронови, со опсег до 500 километри, можат да покријат речиси цела Украина, цела Молдавија и делови од Полска, Романија и Литванија доколку бидат лансирани од руска или окупирана украинска територија.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран