УТРО.мк

Македонците ја враќаат довербата во ЕУ: Пораст на поддршката од граѓаните за членство

Македонците ја враќаат довербата во ЕУ: Пораст на поддршката од граѓаните за членство
Vero
makedonija eu
makedonija eu

По долги години на опаѓање, интересот на македонските граѓани за членство во Европската унија бележи нагорен тренд. Според најновото истражување на Институтот за демократија Социетас цивилис, 71 отсто од граѓаните сега го поддржуваат приклучувањето кон ЕУ – скок од речиси 10 проценти во споредба со ланската година.

Директорот на институтот, Марко Трошановски, истакна дека ова значајно зголемување е резултат на променетото јавно расположение и новите геополитички околности. „ЕУ се гледа како најдоверлив партнер на Македонија, особено во време кога политиката на САД е неизвесна“, посочи Трошановски, нагласувајќи дека сѐ повеќе граѓани ја перципираат земјата како дел од Западот.

Истражувањето покажува и намалување на оние што сметаат дека Македонија веќе направила доволно и нема потреба од дополнителни напори – пад од осум проценти. „Нереални се очекувањата дека условите за уставни промени ќе се менуваат сами од себе. Партиите треба веднаш да се посветат на реформите“, предупреди Трошановски.

Тој додава дека отпорот кон уставните промени и натаму е присутен, но статус-квото штети и на двете страни, а првенствено на граѓаните. „Нема повеќе изговори – ова е наша домашна задача. Сѐ друго е потрошена политика“, нагласи Трошановски, повикувајќи на соработка со соседна Бугарија и барање решение според европските стандарди.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран