УТРО.мк

Северна Кореја го демонстрира новиот систем за ракети со долг дострел

Северна Кореја го демонстрира новиот систем за ракети со долг дострел
Vero
severna koreja
severna koreja

Северна Кореја вчера изврши тестирање на својот систем за повеќекратно лансирање ракети со долг дострел, потврди државната новинска агенција KCNA. Лидерот Ким Џонг Ун лично го надгледуваше лансирањето, истакнувајќи дека тоа е „клучен чекор за зајакнување на нуклеарното одвраќање“ на земјата.

Според извештајот, во текот на тестот беа испукани четири ракети, кои успешно ја погодиле целта на растојание од 358,5 километри од местото на лансирање. Ким оцени дека техничките достигнувања ја зголемиле удирачката способност на системот и додаде дека „ниедна друга држава нема да располага со таква технологија барем неколку години“. Тој предупреди дека новите капацитети претставуваат сериозна закана за секој што размислува за воен конфликт со Пјонгјанг.

Лидерот најави дека на претстојниот Конгрес на Работничката партија на Кореја ќе ги претстави идните планови за развој на офанзивни и одбрамбени способности, потврдувајќи дека националната одбранбена стратегија останува фокусирана на „градење сигурно нуклеарно одвраќање“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран