УТРО.мк

Сопственикот и двајца раководители на фабриката за бисквити во Грција уапсени по смртоносната експлозија

Сопственикот и двајца раководители на фабриката за бисквити во Грција уапсени по смртоносната експлозија
Vero
grcka policija
grcka policija

Експлозијата што ја потресе фабриката за бисквити „Виоланта“ во Трикала добива сè појасни контури – и сè потешки последици. По трагедијата во која животот го загубија петмина работници, полицијата во вторникот ги лиши од слобода сопственикот на фабриката, раководителот за безбедност и раководителот на смена.

Како што објавува грчкиот весник „Катимерини“, против тројцата се покренати сериозни обвиненија, меѓу кои тешко дело против општата безбедност со смртни последици, предизвикување експлозија и пожар од небрежност, како и нанесување телесни повреди.

Во меѓувреме, истрагата влегува во клучна фаза. Преживеаните работници почнаа да даваат искази пред истражителите од противпожарната служба, а нивните сведоштва фрлаат ново светло врз настаните што ѝ претходеле на експлозијата. Според првичните наоди, можно е трагедијата да била предизвикана од истекување на пропански гас. Еден од вработените, според информациите, изјавил дека уште рано во понеделникот, непосредно пред експлозијата, во фабриката се чувствувал интензивен мирис на гас.

Дополнителни докази доаѓаат од истрагата на Дирекцијата за истраги на кривични дела поврзани со пожари (ДАЕЕ), која се спроведува во соработка со судски експерти. Таму, во подрумот на производствениот погон – токму на местото каде што се случила експлозијата – е утврдена дупка на цевките што служеле за транспорт на пропанскиот гас од надворешните резервоари до печките.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран