
Швајцарскиот претседател Гај Пармелен денес го оцени пожарот во барот на скијачкиот центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ како една од најтешките трагедии што ја погодиле земјата. Командантот на кантоналната полиција, Фредерик Жизле, соопшти дека околу 40 лица загинале, а 115 се повредени.
„Тоа е драма од невидени размери. Животите на многумина, особено на младите, беа брутално прекинати“, истакна Пармелен. Тој го пофали мобилизирањето и солидарноста на швајцарските кантони, како и помошта од соседните земји – Германија, Италија и Франција.



























