
Попладнево избувна пожар на Скопска Црна Гора, над селата Арачиново и Страчинци.
Според првичните информации, гори сува трева на повисоките делови над селата. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека на Единствениот повикувачки број 112 бил пријавен пожар, при што биле евидентирани активни жаришта на повеќе места.



























