
На 01.01.2026 во 00:54 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(19) од с.Порој, тетовско. Претходно, на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, тој со патничко возило „фолксваген голф “ со тетовски регистарски ознаки, удрил во рабник, а при преземање мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта. Подоцна, во Клиничка болница Тетово, тој физички нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“



























