
Четириесет и двегодишен маж и неговата 70-годишна мајка биле лишени од слобода во неготинско, откако 35-годишна жена пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од својот вонбрачен сопруг, додека неговата мајка ѝ се заканувала.
Според полициските информации пренесени од медиумите, мајката и синот се од село во неготинско. Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода на 29 ноември, на полноќ, по што биле задржани во полициска станица.
За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа во Неготино. По целосно документирање на настанот, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави,
























