УТРО.мк

ВИДЕО |ФОТО Утврден идентитетот на лицето што постави албанско знаме на полициско возило во Тетово

ВИДЕО |ФОТО Утврден идентитетот на лицето што постави албанско знаме на полициско возило во Тетово
Jumbo

Полицијата го утврдила идентитетот на лицето кое за време на прославата на Денот на албанското знаме поставило албанско знаме на полициско возило на подрачјето на СВР Тетово.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека идентитетот бил утврден по преземените мерки во врска со настанот.

Лицето е повикано на разговор во полициска станица во присуство на родител, со цел целосно да се расчисти и документира случајот.

По документирањето на настанот, како што информираат од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

Од полицијата не соопштија дополнителни детали за лицето, ниту каков поднесок ќе биде поднесен.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран