УТРО.мк

Зеленски: Испораките на ПВО системи за Украина мора да продолжат без одлагање

Зеленски: Испораките на ПВО системи за Украина мора да продолжат без одлагање
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека испораките на системи за противвоздушна одбрана за Украина не можат да бидат одложени, дури ни за време на новогодишните празници. „Убиствата мора да бидат запрени – не може да има пауза во заштитата на животите. Ако нападите не престануваат, испораките не смеат да се одлагаат“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој изрази надеж дека сè што е договорено со Вашингтон кон крајот на декември за заштита на Украина, ќе пристигне навреме. Зеленски додаде дека Русија во новогодишната ноќ лансирала повеќе од 200 дронови кон Украина, главно кон енергетските објекти, при што украинската ПВО успеала да собори 176 од нив.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран