УТРО.мк

Што планира Путин во Сирија? Сите информации водат кон едно нешто

Што планира Путин во Сирија? Сите информации водат кон едно нешто
Vero

Путин и сирискиот претседател Ел Шара ќе разговараат за руските воени бази во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот лидер Ахмед ел Шара ќе одржат разговори во Москва, при што една од клучните теми ќе биде присуството на руските воени бази во Сирија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова е важен ден за руско-сириските односи. Прв директен состанок на највисоко ниво по промената на власта во Сиријската Арапска Република“, изјави Песков за новинарите.

Тој потврди дека сирискиот претседател Ел Шара веќе пристигнал во Москва и дека ќе биде пречекан во Кремљ, каде најпрво ќе има разговори во четири очи со Путин, а потоа ќе следат и проширени руско-сириски разговори во формат на работен појадок.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и Сирија разгледуваат прашања поврзани со руското воено присуство во земјата, вклучувајќи и можни промени во структурата на постојните бази.

Како што наведуваат руските медиуми, посетата се одвива во затворен режим, а средбата меѓу Путин и Ел Шара се очекува во текот на денот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран