Патнички автобус на превозникот „Фликсбус“, кој сообраќал на релацијата Копенхаген–Виена, излета од автопатот и се преврте рано утрово во близина на градот Рубел, околу 140 километри северно од Берлин. Локалната полиција соопшти дека повеќе од 20 лица се повредени, а едно лице има потешки повреди и е извлечено од возилото.
Причините за несреќата сè уште се истражуваат, а делот од автопатот каде што се случил инцидентот е затворен за сообраќај. Превозникот „Фликсбус“ ги информира надлежните служби и соработува со институциите за целосно расветлување на настанот.