УТРО.мк

Се огласи Зеленски: Русија лансирала речиси 1.300 беспилотни летала

Се огласи Зеленски: Русија лансирала речиси 1.300 беспилотни летала
Vero

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека руските вооружени сили изминатата недела интензивно ја нападнале Украина со масовни воздушни удари, користејќи околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и речиси 1.000 наведувани бомби.

Во објава на својот канал на Телеграм, Зеленски нагласи дека итните и спасувачки служби сè уште работат на расчистување на последиците од најновите напади, особено од синоќешниот масовен налет.

„Повредени се 27 лица, меѓу кои и три деца. Најмалото е девојче од само три години. Три лица се хоспитализирани, а за жал, една личност го загуби животот во Одеса. Изразувам длабоко сочувство до семејството и блиските“, изјави украинскиот претседател.

Тој посочи дека само во текот на изминатата ноќ, руските сили лансирале 101 дрон, најголем дел од нив од типот „Шахед“, беспилотни летала од иранско производство кои Русија редовно ги користи во нападите врз урбаните центри и инфраструктурата.

„Во последните седум дена, против Украина беа употребени околу 1.270 дронови, 39 ракети и речиси илјада наведувани бомби од типот КАБ-500“, додаде Зеленски, нагласувајќи дека украинските сили вложуваат напори за одбрана и спас на населението, додека истовремено се соочуваат со сè поголем предизвик поради интензитетот на нападите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран