УТРО.мк

Салвини повторно пред суд поради блокада на бродови со мигранти

Салвини повторно пред суд поради блокада на бродови со мигранти
Vero

Заменикот на италијанската премиерка Џорџа Мелони и лидер на десничарската партија Лига, Матео Салвини, повторно ќе се соочи со судење поради неговата улога во спречувањето на влегување на бродови со мигранти во италијанските пристаништа.

Обвинителството во петокот соопшти дека поднело жалба на ослободителната пресуда која минатата година ја донесе судот во Палермо, и случајот сега ќе го разгледува Врховниот суд во Рим. Нов датум за судењето сè уште не е утврден.

Случајот се однесува на 2019 година, кога Салвини, како тогашен министер за внатрешни работи, одби да дозволи на бродови со мигранти, спасени во Средоземното Море, да влезат во италијански територијални води и да се истоварат во пристаништата. Се соочуваше со обвиненија за злоупотреба на службена положба и незаконско лишување од слобода, но беше ослободен од вина.

Салвини и натаму тврди дека е мета на политички мотивирано гонење и дека правосудниот систем се користи за негова дискредитација. Како актуелен министер за транспорт и еден од клучните фигури во десноцентристичката коалиција, тој останува гласен критичар на миграционите политики на ЕУ и застапува цврст став против илегалната миграција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран