УТРО.мк

САД со нови царини за 60 земји

САД со нови царини за 60 земји
Vero

Администрацијата на Доналд Трамп предложи воведување нови царини од 10 и 12,5 проценти за увоз од 60 земји, меѓу кои и Европската Унија, поради наводен неуспех на трговските партнери да се справат со увоз на стоки произведени со принудна работа.

Според Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR), царини од 10 проценти би се вовеле за повеќето од опфатените земји, меѓу кои Канада, Мексико, Велика Британија и други, додека за преостанатите 45 земји се предлага повисока стапка од 12,5 проценти.

Од американската страна велат дека ваквите мерки се потребни за да се заштитат домашните работници и да се обезбедат пофер услови во меѓународната трговија.

„Не е прифатливо да се игнорира проблемот со принудната работа“, изјави трговскиот претставник Џејмисон Грир.

Предлогот доаѓа пред истекот на привремените царини од 10 проценти, кои се на сила до 24 јули.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран