
Меѓународниот аеродром во Кувајт утрово беше нападнат од беспилотно летало, при што се предизвикани материјални штети, повредени лица и целосен прекин на воздушниот сообраќај, соопштија тамошните власти.
Според кувајтската Цивилна авијација и државната новинска агенција, по нападот веднаш бил затворен воздушниот простор над земјата, а сите летови се суспендирани од безбедносни причини. Пријавени се оштетувања на неколку објекти на аеродромот и повредени лица, но засега нема официјални податоци за бројот на жртви.
Властите наведуваат дека нападот е изведен со иранско беспилотно летало, а кувајтската воздушна одбрана активирала системи за противвоздушна заштита и пресретнала дел од „непријателските проектили и дронови“. Инцидентот доаѓа само неколку дена по делумното обновување на аеродромската инфраструктура, која претходно беше оштетена во претходни напади во регионот.















