УТРО.мк

„Подготвен сум…“ Путин му даде втора шанса на Лавров

„Подготвен сум…“ Путин му даде втора шанса на Лавров
Vero

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио, но нагласи дека Русија нема да се откаже од своите клучни услови за завршување на војната во Украина.

Според Ројтерс, обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во мирот досега пропаднаа, а минатиот месец тој ненадејно го откажа планираниот самит со Владимир Путин во Будимпешта. Кремљ ги демантираше шпекулациите дека Путин ја изгубил довербата во Лавров поради тоа.

„Разбираме дека редовната комуникација е важна. Подготвени сме за средби лице в лице кога е потребно“, рече Лавров, кој е на функцијата од 2004 година.

Руските сили моментално контролираат околу 19% од украинската територија, вклучувајќи го Крим, речиси целиот Луганск, 80% од Донецк и делови од Херсон, Запорожје и Харков. Москва бара Киев да се откаже од плановите за членство во НАТО и да ги повлече трупите од регионите што Русија ги смета за свои.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран