УТРО.мк

Кремљ: Конфликтот во Украина ќе заврши кога ќе бидат остварени руските интереси

Кремљ: Конфликтот во Украина ќе заврши кога ќе бидат остварени руските интереси
Vero

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека конфликтот во Украина би можел да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што ги поставила на почетокот на војната.

„Се разбира, би сакале овој судир да заврши што е можно побрзо, но тоа може да се случи кога Русија ќе ги реализира своите цели. Повеќе би сакале да го решиме конфликтот преку политички и дипломатски средства, и руската страна останува отворена за овој пат“, рече Песков.

Тој додаде дека Русија е подготвена за политичко и дипломатско решение, но дека ситуацијата се наоѓа во ќорсокак „не по вина на Русија“. Песков истакна дека Европејците ги охрабруваат украинските власти, уверувајќи ги дека можат да победат во војната и да ги остварат своите интереси со воени средства.

„Уверувањето дека Украина може да победи на бојното поле претставува длабока заблуда“, додаде Песков.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран