
Новата власт во Сирија се најде на нишанот на серија внимателно испланирани атентати во изминатата година, откриваат најновите сознанија на Обединетите нации. Според извештај на Канцеларијата на ОН за борба против тероризмот, само среќни околности го спречиле убиството на претседателот Ахмад ал-Шараа и на министерот за внатрешни, како и на министерот за надворешни работи.
Нападите, кои требало да се случат во Алеп и Дара, биле организирани од групата „Сараја Ансар ал-Суна“ – која ОН ја идентификува како параван на Исламска држава (ИД).























