УТРО.мк

Ова е единствената причина поради која Трамп се уште не го нападнал Иран

Ова е единствената причина поради која Трамп се уште не го нападнал Иран
Vero

Според извештајот на „Гардијан“, претседателот на САД, Доналд Трамп, сè уште размислува дали да нареди воздушен напад врз Иран, бидејќи не е сигурен дека т.н. „бомба разбивач на бункери“ навистина може да го уништи клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу.

Трамп, според извори од Пентагон, им кажал на воените претставници дека воена акција би имала смисла само доколку постои гаранција дека бомбата GBU-57, тешка 13,6 тони, може целосно да го уништи подземниот комплекс, кој се наоѓа на голема длабочина. Иако му било соопштено дека нападот најверојатно ќе го уништи Фордоу, претседателот сè уште не донел конечна одлука, надевајќи се дека заканата од воена интервенција ќе го натера Техеран да прифати преговори.

Нуклеарниот комплекс Фордоу е од особена важност за иранската нуклеарна програма, особено поради тоа што Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврди дека таму ураниумот се збогатува до 83,7 проценти чистота — ниво близу до критичната граница од 90 проценти потребна за производство на нуклеарно оружје.

„Гардијан“ истакнува дека уништувањето на Фордоу, било преку дипломатија или воен удар, во Вашингтон се смета за клучна цел во спречувањето на иранската нуклеарна програма.

За разлика од САД, Израел нема технолошки капацитет за изведување таков напад, бидејќи не располага со доволно моќни бомби за пенетрација или со авионски платформи способни за мисија на таква длабочина. Поради тоа, евентуалниот напад врз Фордоу би барал директна воена интервенција на Соединетите Американски Држави.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран