УТРО.мк

Откриено што се Америка прекинува да и праќа на Украина: Запрена испораката на клучно оружје

Откриено што се Америка прекинува да и праќа на Украина: Запрена испораката на клучно оружје
Vero

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина поради намалени залихи

САД привремено ја прекинаа испораката на важни оружја за Украина, вклучувајќи противвоздушни системи кои беа од клучно значење за одбраната од интензивните руски воздушни напади, објави NBC News.

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди ревизија на залихите, поради што е прекината испораката на ракети за системот „Патриот“, илјадници гранати калибар 155 мм за хаубици, над 100 ракети „Хелфајер“, повеќе од 250 системисо наведувачки ракети, десетици ракети „Стингер“ и десетици воздушни ракети AIM, како и повеќе десетици минофрлачи.

Оваа одлука доаѓа неколку дена по еден од најжестоките руски воздушни напади врз Украина, при што беа испратени повеќе од 60 ракети и речиси 500 беспилотни летала.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, ја образложи одлуката како мерка за заштита на американските интереси и ревизија на воената помош. Претседателот Трамп најави обид да се обезбедат дополнителни системи „Патриот“ за Украина, истовремено нагласувајќи ја потребата од поддршка и за Израел.

Украинските власти повеќепати апелираа за дополнителни системи за противвоздушна одбрана поради зголемените руски напади.

Од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, САД испратија десетици милијарди долари воена помош, но најновите информации покажуваат загриженост за намалените залихи.

Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон по повеќе од две години повторно разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, но без конкретен напредок. Русија продолжува со интензивни напади, додека Украина возврати со напад на фабрика во Ижевск, каде загинаа три лица.

Русија и натаму контролира околу 20% од украинската територија, вклучувајќи го и анексираниот Крим.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран