УТРО.мк

Откриено колку САД би можеле да платат за Гренланд: Трамп избра доверливо лице кое ќе изработи план за купување

Откриено колку САД би можеле да платат за Гренланд: Трамп избра доверливо лице кое ќе изработи план за купување
Vero

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за купување на Гренланд, при што интерните проценки покажуваат дека ваквиот потег би можел да чини и до 700 милијарди долари – сума која е поголема од половина од годишниот буџет на американското Министерство за одбрана.

Според информации објавени од NBC News, научници и поранешни американски функционери, ангажирани во рамките на планирањето на оваа иницијатива, изработиле детална проценка за финансиските и геополитичките последици од евентуалното преземање на полуавтономниот териториј на Кралството Данска.

Иако официјалните власти во Данска и на Гренланд повторно порачаа дека островот не е на продажба, висок функционер од Белата куќа изјавил дека државниот секретар Марко Рубио добил задача во наредните недели да подготви конкретен предлог за купување на Гренланд, што е оценето како еден од врвните приоритети на претседателот Трамп.

Дел од администрацијата, според истите извори, дури размислувал и за можноста за употреба на воена сила, но повеќето влијателни кругови сметаат дека многу поверојатно сценарио е обид за купување на островот или создавање ново стратешко сојузништво со локалните власти.

Гренланд има околу 57.000 жители и претставува стратешки важна територија во Арктикот, но локалното население во големо мнозинство се противи на приклучување кон САД. Анкета спроведена минатата година покажала дека околу 85 проценти од граѓаните ја отфрлаат таа можност.

Историски гледано, САД и Данска веќе имаат сличен договор – во 1916 година Вашингтон ги купил карипските острови од Данска, а за возврат ја признал нејзината контрола врз Гренланд. Сепак, актуелните геополитички тензии и амбициите на Трамп повторно го враќаат ова прашање во центарот на меѓународното внимание.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран