
Во украинскиот град Харкив, Русија изврши напади врз електроенергетската мрежа и други важни енергетски постројки, предизвикувајќи сериозна штета. Градоначалникот Терехов преку апликацијата Телеграм информира дека итните служби работат 24 часа на ден за справување со последиците, но не прецизира каков конкретно објект бил погоден.



























