
Партнерството ја испорачува првата во свет “Fender Play“ целосно онлајн апликација оптимизирана за телевизори, за учење на свирење на гитара, бас и укулеле, ексклузивно на “Samsung“ телевизорите

Скопје, 15 јануари 2026 година – “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) најави ексклузивно глобално партнерство со водечкиот светски бренд за гитари, “Фендер“ (“Fender“), за да го донесе првото телевизиско издание на апликацијата “Fender Play“ на “Samsung“ телевизорите во 2026 година.

„Со видео лекции на ’Samsung’ телевизорите, учењето инструмент природно се вклопува во секојдневниот живот и им помага на оние кои имаат афинитети за свирење побрзо да ги постигнат своите цели“, изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен Потпретседател на Бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во “Samsung Electronics“. „Со носењето на ’Fender Play’ на телевизорите за прв пат, ’Samsung’ го претвора најголемиот екран во домот во место за учење и свирење заедно.“.

Корисниците можат да изберат образовен пат за четири различни инструменти: електрична гитара, акустична гитара, бас или укулеле. Исто така, можат да пристапат и до курсеви по барање во согласност со нивото на развој на вештините, секој со широк спектар на “чекор-по-чекор“ лекции креирани околу познати песни. Преку режимот „Jam“, корисниците можат да изберат забавна позадина и да свират на селекција песни од различни жанрови, претворајќи го својот екран во сцена.
Самсунг во живо претстави преглед на ова искуство на “CES 2026“, преку демо снимки на екранот кои го прикажаа импресивното искуство за учење. Како лидер на глобалниот ТВ пазар 20 години по ред, Самсунг испорачува слика, звук и сигурност што ги одржуваат новите корисници ангажирани додека градат вештини.
„Возбудени сме што го носиме импресивното искуство за учење преку ’Fender Play’ апликацијата на корисниците на ’Samsung’ телевизори, помагајќи им на ентузијастите за гитара да ги подигнат своите вештини на следното ниво“, рече Клиф Ким (Cliff Kim), Потпретседател за Стратегија за раст, Дигитални производи во “Fender“ и Претседател на Фондацијата “Fender Play“. „Нашата мисија отсекогаш била да ги едуцираме и инспирираме изведувачите на музика ширум светот. Ова партнерство им дава можност на љубителите на музика да учат, вежбаат и свират со висококвалитетните, интерактивни лекции на ’Fender Play’ директно на нивниот ’Samsung’ телевизор.“



























