
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вечерва соопшти детали од акцијата која попладнево се спроведува во Скопје ќе соопштат утре.
Како што веќе објавивме акцијата се спроведува во УЈП и други институции. Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.
Кој е уапсен досега?
Според извори на 4NEWS.mk уапсена е раководителка на УЈП, сопственик на бензински пумпи, поранешни пратенички, сопруга на познат доктор.



























