
По недоразбирање во сообраќајот, четворица скопјани, од кои еден малолетник се степале со 20-годишен Италијанец.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (14.01.2026) во 20:20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.А.(30), С.Ш.(30), Р.К.(21), 16-годишник, сите од Скопје и М.Ј.(20) од Италија затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.



























