
Инцидент во авион што пристигнал на Меѓународниот аеродром Скопје од Германија вознемири патници и екипаж, откако избила физичка пресметка меѓу неколку лица непосредно пред слетувањето.
Случајот се случил вчера околу 16:40 часот, а бил пријавен во СВР Скопје по слетувањето на авионот преку граничниот премин на аеродромот. Во тепачката учествувале 49-годишен државјанин на Германија, 45-годишна жена од Скопје и 38-годишен маж од селото Лопате, Кумановско.



























