УТРО.мк

Орбан: Чарли Кирк бил вистински борец за слобода и вистина

Орбан: Чарли Кирк бил вистински борец за слобода и вистина
Vero

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и други унгарски политичари изразија длабок шок и осуда по смртта на популарниот американски конзервативен активист и инфлуенсер Чарли Кирк, кој беше застрелан на јавен настан на универзитет во Јута.

Претседателот Доналд Трамп потврди дека Кирк (32) починал откако бил застрелан во вратот и не можел да биде спасен во болница. „Драги мои сонародници, исполнет сум со жал и гнев поради злобното убиство на Чарли Кирк, патриот кој го посвети животот на каузата на отворената дебата“, порача Трамп.

Унгарските политичари истакнаа дека трагедијата е резултат на омраза поттикната од левичарската пропаганда. Орбан го нарече Кирк „вистински борец за верата и слободата“ и повика да се запрат нападите и насилството. Европратениците Андраш Ласло и Кинга Гал, како и политичката активистка Александра Сенткирај, исто така ја осудија смртта на Кирк и потенцираа дека насилството нема место во јавната дебата.

Кирк беше коосновач на Turning Point USA, водеше поткаст и предавања за конзервативните ставови, а со своето влијание, особено меѓу младите, ја промовираше слободата на изразување и традиционалистичките вредности во САД.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран