УТРО.мк

Независни руски медиуми: Откриено е колку има загинати руски војници во Украина

Независни руски медиуми: Откриено е колку има загинати руски војници во Украина
Vero

Независните руски медиуми Медиазона и руската редакција на Би-Би-Си објавија дека досега успеале да го потврдат идентитетот на 236.066 руски војници загинати во војната во Украина, предупредувајќи дека реалниот број на жртви е значително поголем.

Истражувањето е изработено врз основа на јавно достапни информации, меѓу кои официјални соопштенија, некролози, објави на социјалните мрежи и извештаи од локалните медиуми. Во конечната бројка се вклучени само случаи за кои постојат документирани докази за идентитетот и смртта на војниците.

Според анализата, руската армија трпи сериозни загуби на фронтот, а независни аналитичари оценуваат дека бројот на загинати е далеку поголем од досега документираните случаи, бидејќи голем број војници сè уште се водат како исчезнати или нивните тела не се пронајдени.

Меѓу потврдените жртви има и повеќе од десет руски генерали, што, според авторите на истражувањето, укажува на значителни загуби и во командната структура на руските сили.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана не објавува редовни податоци за воените загуби. Последната официјална бројка беше соопштена во септември 2022 година, кога Москва тврдеше дека во Украина загинале 5.937 руски војници. Оттогаш, информациите за загинатите се третираат како државна тајна.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin