
На магистралниот пат Тетово–Гостивар денеска се запали автобус, поради што сообраќајот на оваа делница е во застој.
Според првичните информации, пожарот избувнал во моторниот дел на автобусот. Персоналот на автобусот веднаш интервенирал и со противпожарни апарати се обидува да го изгасне огнот до пристигнувањето на противпожарните екипи.
Засега нема информации за повредени патници, а причините за пожарот ќе бидат утврдени дополнително. Возачите се повикуваат на внимателност и трпение поради застојот во сообраќајот.

















