
Русија во изминатата недела значително ги интензивирала нападите врз Украина, лансирајќи околу 1.900 беспилотни летала, речиси 1.600 наведувани воздушни бомби и 144 ракети од различен тип, меѓу кои и балистички ракети, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според него, руските сили продолжуваат со масовни напади врз повеќе украински региони, при што денеска градот Суми бил погоден со наведувани воздушни бомби.
Во Бровари, во близина на Киев, едно лице загинало, а шестмина биле повредени во напад извршен со беспилотно летало.
https://x.com/i/status/2083886954039349607

















