УТРО.мк

(ВИДЕО) Ѓоковиќ во улога на капетан: Со луксузниот глисер ги украде сите погледи на црногорското приморје

(ВИДЕО) Ѓоковиќ во улога на капетан: Со луксузниот глисер ги украде сите погледи на црногорското приморје
Vero

Новак Ѓоковиќ го избра црногорското приморје како место за одмор и семејно уживање, далеку од тениските терени и секојдневниот притисок што го носи професионалниот спорт. Познатиот тенисер престојува во Портонови со сопругата Јелена и нивните деца Стефан и Тара, а во овој луксузен комплекс поседува и сопствен апартман.

Посебно внимание кај минувачите предизвика моментот кога Ѓоковиќ лично застана зад управувачот на својот глисер и ја презеде улогата на капетан за време на пловидбата низ заливот.

Во опуштено издание, српскиот тенисер внимателно управувал со пловилото, додека неговата сопруга и децата уживале на пространата палуба и во мирниот семеен одмор.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin