УТРО.мк

Нетанјаху: Постигнавме историска победа, Иран нема да има нуклеарно оружје

Нетанјаху: Постигнавме историска победа, Иран нема да има нуклеарно оружје
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа изјави дека земјата постигнала „историска победа“ во операцијата „Raising Lion“, нагласувајќи ја клучната поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп.

– Израел никогаш немал пријател како Трамп во Белата куќа. Му благодарам од срце за неговата улога во одбраната на Израел и спречувањето на иранската нуклеарна закана, рече Нетанјаху, неколку часа откако Трамп јавно го критикуваше Израел за прекршување на примирјето со Иран.

Тој додаде дека нападот на САД врз Иран бил резултат на дипломатска офанзива што ја водел заедно со министерот Рон Дермер.

Според него, американските сили го уништиле подземниот објект за збогатување ураниум во Фордо, а Израел ја разурнал иранската програма за балистички ракети и повеќето лансери.

– Ако Иран се обиде повторно да ја оживее нуклеарната програма, ќе реагираме со иста решителност. Повторувам – Иран нема да има нуклеарно оружје, изјави Нетанјаху.

Тој накратко се осврна и на состојбата во Газа, додавајќи: „Мораме да го победиме Хамас и да ги вратиме заложниците“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран