УТРО.мк

Нетанјаху нареди засилени напади врз Газа по кршење на примирјето

Нетанјаху нареди засилени напади врз Газа по кршење на примирјето
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската војска да изврши интензивни напади врз Појасот Газа, поради, како што наведе, кршење на примирјето од страна на Хамас.

Во соопштението од неговата канцеларија се истакнува дека одлуката следи по безбедносни консултации и дека Израел ќе реагира на „инсценирања“ и презакопувања на телата од страна на Хамас. Министерството за надворешни работи обвини дека движњата на останките се „злонамерни“ и ги загрозуваат мировните договори, додавајќи дека снимки од дрон покажуваат преместување и презакопување на телата со цел да се создаде лажно откритие за Црвениот крст.

Нетанјаху претходно изјави дека човечките останки предадени од Хамас припаѓаат на заложник чие тело веќе било пронајдено од израелската армија. Премиерот го свика своето воено раководство за да ги одреди „следните чекори“ на Израел како одговор на ситуацијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран