УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Решавање на загадувањето преку контрола, топлификација и инфраструктурни проекти

Ѓорѓиевски: Решавање на загадувањето преку контрола, топлификација и инфраструктурни проекти
Vero

Вечерва во емисијата „На дуел кај Иван“ на Телевизија Канал 5, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ја презентираше својата стратегија за справување со загадениот воздух во градот.

Ѓорѓиевски истакна дека првиот чекор е контрола на сите потенцијални загадувачи, а потоа посебен фокус ќе има на домаќинствата што се загреваат на цврсти горива. Тој предложи проширување на градската топлификациона мрежа како алтернатива за загревање, со изградба на две гасни централи – една кај ОХИС и една на излезот кај Ѓорче Петров, за оние зони каде што парното не може директно да се приклучи на системот. За високите зони на Скопје, како Црниче, Пржино и Водно, предложи субвенции за домаќинствата кои ќе користат топлотни пумпи.

Дополнително, Ѓорѓиевски најави целосен третман на депонијата Вардариште, со пренасочување на отпадот кон Дрисла за понатамошна преработка.

Кандидатот нагласи дека сообраќајниот метеж е уште еден голем проблем за Скопје, посочувајќи дека четири активни инфраструктурни проекти се градат со години и мора итно да се завршат. Според него, решавањето на загадувањето е процес што бара долгорочна работа и заеднички ангажман од сите страни.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран