УТРО.мк

Протести во Словенија по убиството во Ново Место: Граѓаните бараат правда за Алеш Шутар

Протести во Словенија по убиството во Ново Место: Граѓаните бараат правда за Алеш Шутар
Vero

Илјадници граѓани вечерва излегоа на улиците на Ново Место, протестирајќи поради убиството на 45-годишниот угостител Алеш Шутар, кој почина откако се обиде да го заштити својот син од група напаѓачи пред ноќниот клуб „ЛокалПатриот“.

Трагедијата се случи во саботата, на 25 октомври, кога група Роми физички го нападнале синот на Шутар. Во обид да интервенира, тој бил удрен во главата и починал од здобиените повреди.

За нападот и убиството е осомничен 21-годишниот Сабријан Јурковиќ, кому му е одреден притвор, соопшти словенечката полиција.

Граѓаните се собраа прво пред ноќниот клуб, каде што запалија свеќи во спомен на Шутар, а потоа маршираа кон Главниот плоштад во центарот на градот, барајќи поголема безбедност и поостри казни за насилниците.

„Ова не е само борба за правда за Алеш, туку и за сите нас кои сакаме да живееме во безбеден град,“ порачаа некои од присутните демонстранти.

Настанот предизвика бурни реакции во јавноста, а словенечките медиуми јавуваат дека протестите во Ново Место може да продолжат и во наредните денови, доколку властите не преземат конкретни мерки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран