УТРО.мк

Нереди во Подгорица по нападот во Забјело: Протести и апсења, Црна Гора го суспендира безвизниот режим за Турците

Нереди во Подгорица по нападот во Забјело: Протести и апсења, Црна Гора го суспендира безвизниот режим за Турците
Vero

Подгорица вечерва е под силно полициско обезбедување, откако групи граѓани излегоа на улиците поради инцидентот во кој турски државјани беа вмешани во прободување на млад човек од главниот град.

Според Антена М, група демонстранти тргнала од населбата Стари аеродром кон центарот, извикувајќи пароли „Турци надвор“ и „Турци, одете си“. Порталот Дан јавува дека десетици жители на Забјело се упатиле кон зградата на Владата, каде што е поставен полициски кордон и заштитни огради.

Од Управата на полицијата потврдија дека се приведени 11 лица – девет малолетници и двајца возрасни. Тие биле затекнати во населбата Горња Горица со батериска ламба, пакувања марихуана и балаклави. Сите се спроведени во станица за да дадат изјави.

Нередите започнаа во неделата вечерта, кога полицијата во Подгорица уапси двајца турски државјани кои се забарикадирале во казино во комплексот „Вектра“ во Забјело. Тие се поврзуваат со нападот врз младиот М.Ј. од Подгорица, кој бил избоден со нож.

Според црногорските медиуми, до сега се приведени вкупно 45 турски државјани, а дел од нив биле во казиното каде што избила тепачката. По инцидентот, разгневени жители се собрале пред објектот, но полицијата интервенирала и го спречила поголемиот судир.

Во меѓувреме, поради ескалацијата на насилството, црногорската влада донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани. Премиерот Милојко Спајиќ најави дека мерката ќе се спроведе по итна постапка.

Од нападот врз М.Ј. досега се регистрирани неколку инциденти – демолирана е продавница во сопственост на турски државјанин и запалено возило со турски регистарски таблички во центарот на градот.

Полицијата останува распоредена околу Владата и низ централните улици на Подгорица, со цел да се спречи натамошна ескалација на насилството.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран