УТРО.мк

Ѓорѓиевски најави голема акција за чистење на Скопје

Ѓорѓиевски најави голема акција за чистење на Скопје
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „На дуел кај Иван“ на Телевизија Канал 5, изјави дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и изводливо.

„Стојам зад тоа што сум го ветил – градот може да биде исчистен за 72 часа. Убеден сум дека има доволно возен парк, само што поголемиот дел не е во функција. Од 117 камиони, исправни се 17, а од 46 метлачки и камиони за перење улици – само 6. Имам јасен план и визија како ќе го направам тоа“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во акцијата за чистење ќе бидат вклучени не само градските и општинските служби, туку и граѓаните, како и општествено одговорни компании.

„Со помош на приватниот сектор и на нашите колеги од други општини, Скопје ќе биде исчистено темелно, не само на микролокации туку низ цел град. Конечно, по многу години, ќе ги испереме улиците како што треба“, додаде тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран