Неколку основни училишта во Скопје и Куманово вечерва околу 18 часот добиле електронски пораки со закани за поставени експлозивни направи, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека веднаш е постапено по безбедносните протоколи и дека полициски екипи се на терен, каде вршат детални проверки на објектите за да се утврди вистинитоста на заканите и да се гарантира безбедноста на учениците и вработените.
Иако заканите пристигнале во вечерните часови, кога нема редовна настава, од училиштата биле откажани сите активности што требало да се одржат во попладневните и вечерните термини – меѓу кои пливање, кошарка, играорни групи, ракомет и други тренинзи.































