УТРО.мк

Обвинение за 43-годишник кој го убил братот поради имот и го закопал во шупа

Обвинение за 43-годишник кој го убил братот поради имот и го закопал во шупа
Vero

Основното јавно обвинителство во Кавадарци поднесе обвинение против 43-годишник за убиство на својот помлад брат и за обиди да го прикрие кривичното дело.

Според обвинението, на 27 јули оваа година, на роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале расправија поради имотни спорови. Обвинетиот, под влијание на гнев и сопствена корист, го удрил братот со металниот дел од тесла по главата, а потоа уште два пати, нанесувајќи му смртоносни повреди.

По убиството, обвинетиот се обидел да го сокрие делото. Телото го префрлил во бањата, бришел траги од крв и предмети, а подоцна го закопал во шупата, прекриен со шперплоча и други предмети. Во периодот од 30 јули до 5 август, додека телото било скриено, обвинетиот повеќе пати повлекувал пари од сметката на жртвата.

Јавниот обвинител побара продолжување на мерката притвор за обвинетиот, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран