На 27 и 28 октомври 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во градот лишија од слобода пет лица: Е.Р. (29) од Куманово, и Д.М. (22), А.Р. (24), О.Ч. (47) и С.С. (25), сите од Скопје.
При контролите кај нив беа пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.































