УТРО.мк

Египет воспоставува нов механизам за координација на помошта за Газа

Египет воспоставува нов механизам за координација на помошта за Газа
Vero

Во египетскиот град Ел-Ариш се воспоставува координативен центар за поефикасно управување со помошта и активностите поврзани со појасот Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на изјава на арапски дипломат.

Според дипломатот, центарот ќе функционира како помал еквивалент на израелскиот Центар за цивилно-воена координација во Кирјат Гат, но со фокус на посредничките земји – Египет, Катар, Турција и САД. Засега, координацијата меѓу нив се одвива преку Каиро.

Новиот центар во Ел-Ариш ќе има задача да го следи спроведувањето на мировните напори во областите на Газа под контрола на Хамас, како и да ја координира хуманитарната помош што се доставува преку египетска територија.

Во моментот не е познато дали Израел ќе има свој претставник во овој механизам.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран