
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одговорот на воздухопловните сили во делови од земјата не е доволно ефикасен и најави мерки за подобрување на одбраната од масовните руски напади со беспилотни летала.
Според Зеленски, руските напади во изминатиот период сè почесто се насочени кон енергетската инфраструктура, при што се оштетени далноводи и системи за греење. Како последица, нарушено е снабдувањето со електрична енергија, греење и вода, што директно влијае врз индустријата, логистиката и секојдневниот живот на граѓаните.
– Потребен е побрз и поефикасен одговор на воздушните закани – изјави Зеленски, додавајќи дека за состојбата веќе разговарал со министерот за одбрана и со началникот на воздухопловните сили. Тој не соопшти конкретни детали за најавените мерки.























